речник контакт

Велес домаќин на игроорците од светот (фото)

500 учесници од 10 земји и 21 ансамбл го донесоа изворниот фолклор и традициите во Велес

Петар Печков

Со свечено дефиле вчеравечер, по улиците низ градот,  започна 13-тиот меѓународен   фолклорен фестивал „Велес 2016”. Преплетувајќи ги боите и звуците  на 21  ансамбл, со 500 учесници од 10 земји,  Мексико, Турција,  Романија, Србија, Полска, Бугарија,Црна Гора,  Македонците од Грција и Австралија и од Македонија,    тие беа вистински празник за бројните присутни,  преку  играта, песната, традицијата и обичаите.  Велес  следниве  денови живее во ритамот на  етно музиката и фестивалот.

Ве очекуваат незаборавни летни вечери исполнети со бои, ритам и радост. Со богатата програма што ви ја претставивме верувам дека фестивалот ќе понуди вистинско уживање за сите генерации граѓани од Велес и регионот. Горди сме што ја зачувуваме нашата традиција но и ги претставуваме  од другите земји во светот. Ве поканувам овие летни вечери да уживате во етно звуците и да  патуваме е со музиката по светот и уживате во раскошот на народните носии -  рече Томе Јаневски претседател на Организациониот одбор.  

На отворената сцена од Амфитеатарот на Младинскиот парк, танцуваа повеќе ансамбли, секој претставувајќи го поднебјето  од каде доаѓа.  Мексиканците  за прв пат донесоа еден различен звук од досега, кој не е слушнат  за претходните изминати   12 години, ја освоија публиката. Исто како и македонските игроорци од Истибања од фолклорниот ансамбл ,,Китка,, кој покажа како постарите ја одржале  изворната традиција и ја пренеле на помладите.   Фестивалот го отвори градоначалникот Славчо Чадиев. 

Да и се радуваме на младоста, и низ  песна и игра да го погледнеме раскошот на традицијата.  Овој фолклорен фестивал е бренд на градот и создава трајни врски и вредности  на Велес и  Македонија со   светот – рече Чадиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »