речник контакт

Велес и Вараждин заедно на европските пазари

Со влезот на Хрватска во ЕУ, многу е важно, македонските фирми да имаат тамошни партнери за реализирање на заеднички проекти , преку користење на средства од нивните фондови

Петар Печков

Проширување на македонско – хрватската  трговска соработка и зголемување на увозот и извозот во двете земји е желбата на стопанствениците кои се сретнаа во Велес.  Пред македонските стопанственици стои можноста да се искористи влезот на Хрватска во ЕУ, со што нашите производи ќе бидат ослободени од царина при извозот во таа земја, додека нивните производи ќе бидат оптоварени со таа давачка за влез во земјава.

Не дојдовме да го зголемиме извозот, туку заеднички на најдеме патишта за соработка и зголемување на трговската размена.  Новите технологија, едукацијата, знаењето, обновливите извори на енергија,  даваат можност двете стопанства да соработуваат. Заеднички можеме д а ги користиме европските фондови, но и да  ги укажеме нашите грешки при пристапот до ЕУ  да се учите на нив – рече  Чедомир Цесарец претседател  на Жупаниската Стопанска комора. 

Вараждин  може да се пофали со два големи гиганти во нивната индустрија, фирмата ,,Виндија,, која вработува 4,5 илјади лица во прехраната со што е меѓу поголемите и во Европа  и ,,Вартекс,, со 2,5 илјади работника во текстилот. Оваа голема компанија сака поголем влез на македонскиот пазар.

Сакаме нашите новитети да ги пласираме и во Македонија. Сега, освен  класични костуми произведуваме стока од брендот ,,Ди Каприо,, . Имаме една продавница во Скопје, но стоиме  на располагање за присуство и во другите македонски градови – рече Маријана Шкарпа директорка за големопродажба на Вартекс.

Хрватска е десеттиот  трговски партнер на Македонија,  а бележиме суфицит од  6,5 милиони долари ланската година. Тогаш  е забележан пораст на  надворешната трговска размена од 13 отсто, но Хрватска  учествува со само 3,4 отсто   во вкупната размена на Македонија со светот. 

Со влезот на Хрватска во ЕУ, многу е важно, македонските фирми да имаат тамошни партнери за реализирање на заеднички проекти , преку користење на средства од  нивните  фондови.  Иако економската соработка меѓу двете земји расте, не се исцепени сите можности и за пообемна размена  - рече Трајче Трајков претседател на Регионалната Стопанска комора за Повардарието.

Меѓу дваесетината македонски фирми, присутни на средбата беше и претставникот на единствената кожарско – крзнена индустрија која моментално работи во Македонија.

Со Хрватска пред многу години имавме соработка а еве од понуденото гледам дека тие имаат потреба од нашите производи. Би било добро кога  би оствариле контакти со заинтересирани купувачи, крзнените производи  да се продаваат на тамошниот пазар – вели Атанас Киров директор на крзнарницата Димко Митрев од Велес.

Средбата на стопанствениците од Повардарието и Вараждинската Жупанија беше по иницијатива и организација на Македонската амбасада во Загреб.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »