речник контакт

Велес и Македонија ме преродија

Како го доживеа Велес младата полјачка,Халина Војислав која дојде во градот преку волонтерскиот програм на ЕУ

Петар Печков

Полјакињата Халина Војслав девет месеци престојуваше во Велес преку  младинскиот волонтерски програм  на ЕУ. Таа дојде да им помогне на членовите од Детскиот парламент во изработка на веб страница посветена во кампањата на  борбата против наркоманијата, за да потоа работи со децата од Шуто Оризари во изработка на цртан филм и театарски претстави. Халина е една од 35-те млади луѓе од земјите  членки на ЕУ кои дојдоа во Македонија да работа волонтерски, што е половина од  нивниот вкупниот број кои престојуваат на Балканот.

Ова е еден вид  програма на доживотно учење, со тоа што како млад човек одам во земја по избор  таму да работам и  живеам, со тоа што така ќе и помогнам на заедницата. Така учам да функционирам во друга култура, различна од таа каде што доаѓам. Ја одбрав Македонија бидејќи и претходно сум престојувала во Македонија и не зажалив што еден дел од мојот живот престојував во вашата прекрасна земја – објаснува дваесет и едно годишната  Халина,  која  доаѓа од полскиот град  Гдањск.

Во еден дел од престојот работеше во едукативниот центар  ,,Нов почеток,, и тоа во драмска работилница па потоа анимација и создавање на цртани филмови. Тоа беа деца на возраст од 7 до 13 години и ја создадоа претставата ,,Грдото пајче,, и изработија десет цртани филмови. За овој период додека престојуваше во Македонија и се потврдил впечатокот од пред две години кога патувала низ Балканот, дека тука луѓето се најотворени, пријатни и срдечни и собрала најубаво искуство. Но тоа не било прв пат да престојува во Македонија. Тоа искуство го добила кога преку факултетот и лекторот Ѕвонко Димоски, била на студиски престој.

На можам да го заборавам првиот впечаток за Македонија и гостољубивоста кога дојдовме во родниот град на Димоски, Прилеп, и неговата мајка сите 50 студенти не прими дома и не нагости со ручек. Таква гостољубивост дотогаш немав доживеано што ме освои и затоа доаѓав уште два пати. Вториот пат со автостоп, при што еден случај луѓето од автомобилот дозволија да преноќам кај нив и ме учеа со другарка ми на македонски ора. Ова се примери, кои ме натераа да преку овој програм на ЕУ им се оддолжам барем малку на македонците – вели Халина.

Таа  за првите случаи мислела дека се само однос кон странец, но сега по деветмесечното живеење во Велес и Македонија констатирала дека тоа е во крвта  а не шминка. Затоа сега во Полска се враќа со поинаков поглед на светот. Ако досега седела и автобус или воз и читала книга според полскиот стил на живот, сега бара соговорник во превозното средство  со  кого ќе може да разговара.

Полјакињата за овој период минат во Велес научила да подготвува тавче гравче, сукано со зелка. Благодарна им е на членовите на Детскиот парламент за се што сториле за неа, тие пак воодушевени од нејзиниот однос.

Халина е одличен човек, другар кој се социјализираше во  организацијата, супер ги мотивираше децата со кои работеше и покажа лична инволвираност во проектот. Ќе ни недостасува енергијата со која влезе во работата – вели Владо Смилев од Детскиот парламент на Македонија.

Таа пак  планира  еден ден да отвори туристичка агенција и ги носи полјаците на престој во Македонија и Балканот, бидејќи има што да видат. Тешко ќе и биде кога ќе си заминува, бидејќи има двојно поголем багаж преполн со убави и вредни спомени. Ќе ги носи и цедињата со музика од Фолтин, Кирил Џајковски, Љубојна, Калдрма, Синтезис чиј голем обожавател станала, како сеќавање на престојот во земјата која и ги откри новите хоризонти на животот .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »