речник контакт

Велес и Сомобор потпишаа повелба за збратимување

Соработката меѓу двете општини ќе придонесе и за зацврстување на соработката и пријателство

Петар Печков

Градоначалниците на Велес и на српската општина Сомбор, Горан Петров, и   Немања Делиќ, денеска потпишаа Повелба за збратимување меѓу општините.

 Повелбата е само хартија. Нас не обврзуваат стопанствениците од двете општини кои веќе почнаа со соработка, не обврзуваат уметниците што направија долгорочен план за соработка на годинашната Сликарско-копаничарска колонија, Македонците што живеат во мултиетнички Сомбор и Србите во Велес, изјави градоначалникот Петров по потпишувањето на Повелбата во Општина Велес.

Градоначалникот на Сомбор најави дека потпишувањето на Повелбата  за соработка е прв чекор во поврзувањето на  двата града во сите области, првенствено во спортот, образованието, културата, како и стопанството и други области.

Се надевам дека соработката меѓу двете општини ќе придонесе и за зацврстување на соработката и пријателство меѓу двете Србија и Македонија, изјави Делиќ.

Повеќечлена  сомборска општинска делегација со нивни колеги од градот Ужице се во посета на Општина Велес, по повод Денот на Општината 9 -ти Ноември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »