речник контакт

Велес и денес при врвот според ново заразени од ковид-19, има и еден починат пациент

Расте бројката на активни случаи во велешко, има 453. Половината од пациентите згрижени во Болница се на кислородна поддршка

Петар Печков

 
Велес  и денес повторно при врвот според бројот на  позитивни во земјава, тој е петти со 44 нови случаи додека оздравени се  18 пациенти. Ова се бројките кои ги соопштија од Институтот за јавно здравје.  Активни се  453  а досега се заразени 3.980 лица.

Починат е еден пациент од Велес,  маж на 69 годишна возраст, позитивен, лекуван два дена на интерно одделение- кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Со ова бројката на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна 122 пациент.

Вкупно  хоспитализирани во трите одделенија во велешка Болница се  66, од кои 51 е потврдено позитивен, осум се сомнителни  и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно  одделение се  44 пациент, на Интерно осум  и во  Модуларна болница 14. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »