речник контакт

Велес и турска Каршијака се збратимија

За почеток на новото пријателство, турците најавија уредување на дел од Градскиот парк

Петар Печков

Градоначалниците на двете општини денес го потпишаа меморандумот за соработка. Таа за почеток ќе биде на културно поле, за потоа и на економско.

Задоволство и обврска е да бидеме пријатели со овој турско град. Чест и задоволство е, но и обврска да се вложиме за заеднички да  направиме  проекти  за добро на граѓаните  на двата града.Очекувам наскоро и конкретни разултати. Мостот на соработка межу двата града е создаден - изјави гардоначалникот на Велес Горан Петров.

Со нашето збратимување, се недевам дека ќе трае вечно, и ќе напрвиме многу работи кои ќе ги поврзуваат двата народи и двете општини. - изјави Џеват Дурак градоначалник на Каршијака. Тој најави дека ќе помогнат во уредување на дел од Градскиот парк со вегетација карактеристична за турскиот град, кој потоа би носел име на Каршијака. Велешани пак побарале отварање на турско катче во Градската Библиотека.

Истото би се случило и во Кршијака, отварање на македонско катче во нивна локална библиотека и уредување на дел од нивниот парк со македонска вегетација.

Советот на општина Каршијака брои 27 члена и тројца од нив се од велешко  потекло, а претседавачот е од валандовско.
 
Каршијака, е  дистрикт на Измир,  има  скоро 300 илјади жители, 60 основни и 25 средни училишта. Излегува на Егејското море е типичен медитерански град. Во градот има околу 50 илјади турци од македонско потекло. Најпознат бренд на градот е кошаркарскиот клуб, кој со успех се натпреварува во Европа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »