речник контакт

Велес конкурираше ама Валандово ќе биде град на културата за 2022 година

Велес во два наврати и тоа во 2005 и во 2015 година беше организатор на манифестацијата

Петар Печков

Валандово ќе биде град на културата за 2022 година. На распишаниот конкурс се  пријавила и  Општините Велес, а комисијата на Министерството за култура   одлучила  Општина Валандово со 69 планирани содржини, оваа година да биде организатор на манифестацијата „Град на културата“.

Општина Велес во кандидатурата побарала поголемо финансиско учество до страна на Министерството а помало сопствено, за разлика од Општина Валандово, која учествувала со  20 отсто.

„Имајќи го предвид ова, како и фактот што Општина Велес веќе двапати била финансирана во рамките на манифестацијата, и тоа во 2005 и во 2015 година, комисијата предложи да биде прифатена Пријавата доставена од Општина Валандово“, соопштија  од Министерството за култура.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, започна да се реализира во 2004 и оттогаш.Општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »