речник контакт

Велес лани по две децении доби кино, но кино публика има малку

На листата на најгледани филмови во Велес лани биле „Аватар“ и „Барби“. Колку гледачи лани ги посетитиле кино проекциите во Велес

Петар Печков

Ланската година проекциите на 3Д киноверзум во Велес ги посетиле 13.889 гледачи. Тие гледале 897 кино проекции на 122 филмови. Ова се бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. Или во просек секоја кино проекција ја гледале 15,5 гледачи а секој прикажан филм по 113,8 гледачи. Претходно од 3Д киноверзум објавија дека на листата на најгледани филмови во Велес лани биле „Аватар“ и „Барби“.   

3Д киноверзум со прикажување на филмови  во Велес започна  на 19 јануари минатата година. Очигледно дека паузата од безмалку две децении без редовна кино прикажувачка дејност во градот, остави силна трага во навиките на велешани да гледаат филмови.

Со тоа што сега им се нудат најновите светски остварувања, истовремено со светските премиери. Во однос на реакциите на одделени граѓани, потенцијална публика, за цената на билетот која е 200 денари, таа и иста во сите кина во Македонија.

Киното во Велес, кое локалната власт го опреми и салата ја реновира со 76 илјади евра во октомври  2020-тата,  не работеше две и пол  години. 3Д КИНОВЕРЗУМ на јавниот повикод Општина Велес  ја добија на три годишно користење салата „Бели мугри“.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »