речник контакт

Велес низ старите црно бели фотографии

На 150 фотографии најстарата од 1863-та до 60-те години од минатиот век, Велес каков што малкумина го знаат.Во галеријата ексклузивно 20 фотографии од Стар Велес.

Петар Печков

Во Ликовниот салон отворена е изложба на Велес низ минатото. Автори се Марјан Клифов и Павлина Василева. Тие една година работеле на собирање на фотографиите, нивна обработка за сега две седмици да бидат пред очите на јавноста, некои и за прв пат по многу години.

Повеќето фотографии се од нашата документација, неколку се симнати од интернет. За  време на подготовките разговаравме со повеќе луѓе со цел да бидат што поверодостојни податоците. За жал иако можат, граѓаните не донирале ниту една фотографија а тврдат јас имам поубава, подобра, постара, поинтересна. Собрани се од првиот директор на музејот Груев и од колегата Ицков Трајче - вели Палина Василева виш кустос.

Фотографиите се поделени од повеќе периоди, при крајот на 19-тиот век, од економската обнова на градот, неговиот развој. Најмногу вниманеи привлекуваат две фотографии, таа од 1863 и друга сликана подоцна, кога Велес бил по течението на Тополка.

Фотографиите се објавени со дозвола од Народниот Музеј Велес. Благодарност до нив

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »