речник контакт

Велес од есен со кошаркарски прволигаш

Здружението на прволигаши, на денешната Седница, одлучи Првата лига во следната сезона 2008/2009да се зголеми на 12 екипи.

Петар Печков

Здружението на прволигаши, на денешната Седница, одлучи Првата лига во следната сезона  2008/2009да се зголеми на 12 екипи.

Членките на Здружението на клубови од Прва лига мажи се согласни во наредната натпреварувачка сезона 2008/2009 Прва лига мажи да се прошири со ДВЕ ВАЈЛД КАРТИ и да брои 12 екипи.Екипите на КК Овче Поле од Свети Николе и КК Ултимејт Баскет од Прилеп се прифаќаат за нови членови на Прва лига мажи во наредната натпреварувачка сезона 2008/2009.

Висината на уплата за ВАЈЛД КАРТА да изнесува по 30.000 евра по клуб, кои да се уплатат до 27.06.2008 година, на сметка на Здружението на клубови од Прва лига мажи.За тие што незнаат екипата на КК Овче Поле, која игра во Велес, настапуваат кошаркарите кои претходно играа за екипите на Жито Вардар и Леов а чиј спонзор е фирма од Свети Николе. Оваа одлука значи од есен во Велес повторно ќе ги гледаме големите кошаркарски имиња на Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »