речник контакт

Велес остана без леб

После 12 часот во градот се потроши лебот. Малите пекари не дистрибуираа леб

Петар Печков

Во првиот работен ден годинава, голем број велешани останаа без леб. Ова откако лебот го снема од полиците во продавниците,  сега е потрага да се најде таму каде нешто останало.

Многу убаво ни почна Новата година, прв ден без леб. Вистинска трка е по продавниците, да се најде некое останато парче. Ако не ќе се меси и тоа ќе го правиме – вели велешанка која се обидуваше да најде леб во центарот на градот. 

Вработените во продавниците објаснуваат дека тие добиле стандардно најмногу од пекарата на велешки Жито Вардар, додека другите или не донеле или во помали количества. 

Од Жито Вардар изјавија дека тие овој ден испорачале количество на леб, колку што печеле и претходниот период, ништо повеќе ништо помалку и вината ја наоѓаат во малите производители, кои овој втори јануари  не дистрибуирале леб.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »