речник контакт

Велес победи, се собраа пари за тужбата

Донаторската акција успешна, парите ќе се уплатат в четврток

Петар Печков

Илјадници велешани  во саботата излегоа од своите домови и секој во рамките на неговите финансиски донираше пари за  плаќање  на тужбата со која за прв пат во земјава, општината ја тужи државата, во случајот Топилница,  поради три децениското загадување.

Откако локалната власт одби да ја плати целата вредност на  вештачењето за одредување на парцелите  со кои треба да се докаже загадувањето во висина од 90 илјади денари, седумте граѓански здруженија од Велес вклучени во ,,Зелената коалиција,,, кои заеднички со општината ја тужат државата, решија да ги повикаат велешани и сами да си го платат овој судски трошок.

Тие наидоа на масовен одѕив од сограѓаните кои специјално за оваа пригода излегоа од домовите и во Младинскиот парк, каде беше лоциран пункт, каде се собираа доброволните пролози, доаѓаа и донираа. Организаторот смета дека потребните пари се собрани и в четврток ќе ги уплатат на сметка на судот.

За мене овој чин, освен што ќе дадам пари е и одговор на референдумското прашањето присутно сеуште  кај некои луѓе, дали Топилница повторно да проработи. Не тоа не смее да се случи. Заради моите деца, идните генерации, државата мора да го плати цехот што толерираше загадувачот да не труе, многу велешани да заболат и прерано да починат.Затоа тужбата мора да успее бидејќи тоа ќе биде победа на граѓаните – изјави Никола Димовски еден од многуте велешани, кој дојде заедно со неговото семејство да ја исполнат како што а ја чувствувале граѓанската должност.

Имаше бројни вакви семејни примери, што  на организаторите им даваше за право да констатираат дека успеале во акцијата за собирањето на неопходните средства. Во програма во живо од локалното радио 5фм се јавија бројни, познати лица од јавниот живот кои и финансиски ја поддржаа акцијата.

Меѓу првите се јави Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија кој донираше три илјади денари и ја благослови акцијата со зборовите ,,Чувајте го Велес,, тука беше и Бубо Каров, продукцијата К-15, фудбалскиот селектор Мирсад Јонуз, бројните велешки новинари кои сега се на работа и живеат во Скопје. Сите тие помогнаа и ја афирмираа нашата цел и затоа сме благодарни. Триесет години докажувавме  дека Топилница загадува сега ќе докажеме и на суд. Време е  државата која  три децении ги собираше парите од овој индустриски гигант, сега да ги врати преку чистење на почвата од тешките метали, која загадувачот за толку време ни ја подари како единствено наследство за градот. Топилница ништо друго, освен загадувањето за Велес и плати за илјада вработени  не стори – изјави Ненад Коциќ од ЕД Вила Зора. ,,Зелената коалиција,, им честиташе на граѓаните на Велес за високиот степен на свест  и за нивниот гест финансиски да ја поддржат тужбата.

Ова  е доказ дека што го работиме како  Зелената коалиција е став на граѓаните и по овој ден, никој повеќе нема да може да каже дека работиме самоиницијативно. Тие денес докажаа дека ова е нивен интерес и благодариме. Можевме преку фондации,  наши пријатели, да ги обезбедиме парите, но сакавме оваа поддршка да ја добиеме од граѓаните и ја добивме. Имавме бројни јавувања и донации од граѓани од Гостивар, Тетово, Скопје, повици од странство што доволно зборува за успехот на акцијата. Тоа е гаранција дека в четврток ќе ја уплатиме потребната сума, за на есен да продолжи судскиот процес – изјави Весна Шкортова од фондацијата за локален развој и демократија  ,,Фокус,, .

Велешани оваа донаторска акција ја спроведоа на Светскиот ден на заштита на животната средина со што се вклучија во неговото одбележување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »