речник контакт

Велес при врвот според бројот на ново заразени со ковид-19, овој петок

Расте бројот на пациенти на кислородна поддршка во Болница

Петар Печков

Велес повторно при врвот според бројот на  позитивни во земјава, тој е четврти со 48 нови случаи додека оздравени се  29 пациенти. Ова се бројките кои ги соопштија од Институтот за јавно здравје.  Активни се  427 а досега се заразени 3.936 лица.

Починати се двајца  пациенти од Велес,  маж на 82 годишна возраст, позитивен, лекуван еден ден на Инфективно одделение  и жена на 68  годишна возраст, лекувана три дена на истиот оддел - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.   Со ова бројката на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна 121 пациент.

Вкупно  хоспитализирани во трите одделенија во велешка Болница се  69, од кои 53 се потврдени позитивни, седум сомнителни  и девет  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти. На Инфективно  одделение се  41 пациент, на Интерно девет и во  Модуларна болница 19.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »