речник контакт

Велес се збратими со Адалар од Република Турција

Тие ќе соработуваат во областа на локалниот економски развој, трговската размена, културната размена а приоритет е развој на туризмот.

Петар Печков

Велес се збратими со Адалар од Република Турција, ова е одлука на Советот на општината. Тие ќе соработуваат во областа на локалниот економски развој, трговската размена, културната размена и сите други области од надлежност на општините а во интерес на граѓаните на двете општини а приоритет  е развој на туризмот.

Општина Адалар (Принцови острови) опфаќа 9 мали острови, со површина од околу 20 км во Мармара југоисточно од центарот на Истанбул. Во минатото познати како Принцови острови денес ги нарекуваат Адалар што во превод значи „острови“. Во текот на византискиот период принцот често престојувал таму.

Историски познати се по престојот на историски личности од Турција и Светот, меѓу кои и Троцки кој за време на азилот престојувал во Адалар. Според официјалните податоци има 10.000 жители. Островите се познати по развојот на туризмот, етнологијата и карактеристичната архитектура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »