речник контакт

Велес со нови десет декари зелени површини

Се уредува главната улица Благој Ѓорев и паркот пред Општинaта

Петар Печков

 Велес оваа година ќе добие нови 10 илјади метри квадратни зеленило. Се предвидува обнова на 21 парцела, од кои  18 се на главната сообраќајница Благој Ѓорев  и три  се пред општинската зграда. ЈКП Дервен ги започна подготовките за пролетното раззеленување на градот.  Минатата година ЈКП Дервен работеше на обнова на Младинскиот парк и по позитивниот одек  кај  граѓаните, оваа година зелените површи ни во градот се прошируваат.

Планот за работа предвидува отстранување на постојната вегетација, обработка на земјата, отстранување камења и корења и подготовка на теренот за новите насади од трева и цвеќиња. Целосната реконструкција чини 32 илјади евра а парите се обезбедени од Буџетот на Општината – велат од ЈКП Дервен. 

Вработените работат на уредување на парцелите од десната страна на улицата Благој Ѓорев во новиот дел на градот. Се отстрануваат деградираните дрвја, се обработува земјата, се инсталира систем за наводнување. Повеќе од 10 илјади метри квадратни е површината која ќе се зазелени со овој план.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »