речник контакт

Велес со победа бега од опасната зона за излегување

Совладана е екипата на Црна река од Кавадарци

Петар Печков

 Со победата од  4:3 екипата на Велес ја избегнува опасната зона од Првата лига, која носи разигрување за опстанок во најквалитетното друштво.  

Во 14-тото коло, совладана беше екипата на Црна Река од Кавадарци. Така  велешани сега се 7-ми со 17 бода 4 повеќе од претпоследната екипа на СЕЕУ.

Во наредното коло Велес гостува на првакот  Железарец, кој е и лидер на првенството  без ниту еден изгубен бод.  

Во меѓувреме, Велес во осмина финалето на купот во футсал ќе треба да игра на домашен терен со второлигашот Овче Поле од Свети Николе.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »