речник контакт

Велес фест на 13-ти по четврти пат

Дарквуд даб, Д.Н.О, Стил Темпл и Лоши деца. Цената на билет 200 денари

Петар Печков

Следната сабота 13-ти јуни, во Велес, ќе се одржи четвртиот Велес фест, или како што организаторот најавува музички рок спектакл.  На програмата се четири групи, Дарквуд даб од Белград, Србија и три  скопски групи  Д.Н.О. Стил темпл и Лоши деца.  

Организаторите  објаснуваат дека нудат оригинална програма, стислки различно компонирана,  со две ексклузивни групи, Даркуд даб и Д.Н.О.  кои во Македонија немаат свирено 3-4 години.  

Годинава  нудуме меѓу подоборите и најинтересни  програми на фестивалите во Македонија. Дарквуд даб немат настапено во земјава повеќе години, тие се носители на андерграунд, модерната  и концептуална  сцена на Балканот .Д.Н.О. немаат долго време свирено заедно, но з а овон концерт сите се собираат. Важно ни беше да ја култивираме публиката  со одлична, квалитетна  музика. Избиравме различно стилски определени групи, имаме панк,  хеви метал   - изјави Ангел Коруновски еден од  членовите на организацијата на Велес фест.

Тој додаде дека примарно им бил едукативниот не комерцијалниот ефект од фестивалот.   Фестивалто ќе се одржи на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк. Цената  на влезницата е 200  денари  а на денот  на Фестивалто, на врата  е 250 денари. Спонзори се Таверна Деспина и  Староградско.  

За потсетување дека на фестивалот,кој започна во 2012 како Велигденски настапија Бени и Нон стоп , Нокаут и Деј оф, во 2013-та настапија Суперхикс и Фолтин а фестивалот се одржуваше во салата Гемиџии, додека лани  2014-та на отворено на помошното фудбалско игралиште  свирка имаа Пеперминт и Игор Џамбазов со Харе Гуру бенд.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »