речник контакт

Велес ја бара локомотивата назад

Последната парна локомотива, сега обновена, да биде поставена на влезот од Железничката станица во Велес

Петар Печков

 Повикувајќи се на документи од пред неколку години, со кои УО на ЈП Македонски железници му отстапува на градот една парна локомотива, потребно е по завршувањето на снимањето на филмот, таа треба да се даде на Велес.

И онака првата железничка пруга во 1873-тата била изградена од Солун до Велес.  Како и во повеќето европски градови, во предворјето на станицата треба да стои парната локомотива за спомен на минатото и историјата.

Оваа идеја се уште е присутна кај вработените во МЖ, кои тврдат дека за реализацијата фалело само да се префрли машината од споредниот колосек пред Транс Велес кој е во функција до малото паркче пред станицата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »