речник контакт

Велес ќе добие „Европска куќа“ каде на младите ќе може да им се приближат европските вредности

Инвестиција е 300 илјади евра средства од ЕУ

Петар Печков

До крајот на летото и Велес ќе добие „Европска куќа“. Нејзината вредност е 300 илјади евра, средства од Европската унија. Ова го кажа евроамбасадорот Дејвид Гир, при денешната посета на Велес и потпишувањето на договорот  со градоначалникот Марко Колев, за соработка. Со оваа Европска куќа, пред младите во Велес ќе се промовираат европските вредности.

„Јуроп хаус е значајно месото, каде младите можат да разговараат за сите аспекти од нивниот живот и за нивната иднина и прашања кои се актуелни“- кажа Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Скопје.

Вакви центри постојат и работат во Скопје, Крива Паланка и Струмица. „Европската куќа“  во Велес се наоѓа во центарот на градот, во зградата на поранешен Синдикат. Канцелариите зафаќаат површина од 210 метри квадратни.  

„Младите луѓе во Велес ќе имаат уште едно катче за едукација, за дружење. Тука ќе можат са им се приближат вредности на ЕУ во Велес“ - изјави Марко Колев, градоначалник на Велес.  

Делегацијата на ЕУ ја основа првата Европската куќа  во Скопје во ноември 2019 година, како одговор на барањата на  средношколците по  серијата дебати. Таа  ќе биде  место каде младите може да се среќаваат,  дебатираат,  организираат настани, учествуваат во културни манифестации

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »