речник контакт

Велес-Ел Дорадо за наркодилери

Како германсктие новинари го видоа Велес

Петар Печков

Некогаш развиен индустриски град, Велес денеска воглавно важи за македонска „метропола на дрогата“. По распадот на Југославија, во градот се затворени седум фабрики, а стапката на невработеност изнесува 50 отсто. На балканскиот коридор, кој од Авганистан, преку Турција, води кон Германија и Австрија, Велес е центар за трговијата со дрога во Македонија. Многумина тоа ги лути.

Вмешана франкфуртската мафија

Еве само неколку мислења на минувачи: „Секако дека тоа ми пречи, создава лоша слика за целиот град, а пред се’ тоа се убијци“. „Криминалот пушти длабоки корења. Сешто тука се крие. Можеби е вмешана и полицијата“. Припадници на специјалната полиција неодамна во градот спроведоа акција. Уапсени беа пет лица и запленета беше дрога, оружје, злато и скапи автомобили. Регистарските таблички укажуваат на тоа дека тие припаѓаат на т.н. „Франкфуртска мафија“-мрежа која во Германија продава хероин, а во последно време и кокаин.

Лесна заработка

Добар дел од таа дрога заминува за Виена, каде еден грам хероин е двапати поскап отколку во Франкфурт или пак во Офенбах. Набавка и продажбата ја држат Македонци, голем број од нив, токму од Велес. За Радомир Каракачанов и Игор Трајковски, припадници на локалната полиција, тој податок не е воопшто изненадувачки. „Невработеноста. Тоа е резултат на невработеноста. Тие сакаат на лесен начин да дојдат до пари“, вели Каракачанов, додека Трајковски вели: „Неофицијално, тука во Велес, има околу 400 луѓе кои се занимаваат со продажба на дрога, но повторувам тоа е неофицијално“.

Шефовите се во странство

23 часот. Полицијата ги контролира кафулињата и ноќните клубови во градот. Се внимава малолетниците да не пијат алкоохол, но „крупни ѕверки“ тука нема. Шефовите се во странство. Во Македонија регрутираат млади луѓе. Ги мамат со големи пари. Во Велес некогаш не беше можно обогатување преку ноќ. Се живееше скромно со напорна работа. Тука некогаш беа фабриките за производство на порцелан, текстил и вештачко ѓубриво. Металуршката индустрија, пак,  обезбедубаше леб за околу 2.000 луѓе.

80 отсто невработени се со ниска школска подготовка

По распадот на Југославија, затворени се седум големи фабрики. Стапката на невработенсот е дури 50 отсто. Велес е на неславното прво место во Македонија, вели Сашко Ристовски од општинската управе:  
„Многу е важно да се истакне структурата на невработените во Велес. Дури 80 отсто од нив се со ниска стручна подготовка“, вели тој.

Голема невработеност и буквално никаква перспектива за иднина. Се” додека е така, нарко босовите во Велес лесно ќе наоѓаат млади, кои сакаат да се збогатат преку ноќ.

репортажата е преземена од радио “Дојче Веле“




АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »