речник контакт

Велешанeц сторил сообраќајка во прилепско

Автомобилот излетал од пат, совозачот се здобил со тешки повреди, задржан во Болница

Петар Печков

Неделата наутро,  на   21.01.2018 година во 03,00 часот во околината на  Прилеп, се случила сообраќајка, во коај двајца велешани се повредени, еден потешко, со повеќе скршеници. МВР информираше за настанот.

На локалниот пат село Мраморани – село Дупјачани во Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која Д.П.(21) од Велес управувајќи возило „Сеат Ибица“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото. Поова  преминал на левата страна од коловозот, и  се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(20) од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување - пишува во писменото соопштение на МВР,

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »