речник контакт

Велешанец осомничен за убиство во обид над сопругата

На лицето му е одредена мерка притвор

Петар Печков

Јавен обвинител од ОЈО  Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – убиство во обид. Настанот се случил вчера вечер, среда-4-ти ноември, околу 22,45 во семејниот дом.

Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката - соопштија од  велешкото обвинителство.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител доставен е  предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот. Предлогот бил  прифатен од Судот , па на осомничениот му е определена мерка притвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »