речник контакт

Велешанец приведен во полиција, му се слошило, починал во болница

Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта на З.П. (60 год)

Петар Печков

 На официјалната страница на  МВР попладнево соопштија за настан кој се случил, во четвртокот на пладне во Велес. Пишува за смрт на велешанец, која настанала по сплет на околности а завршила фатално. Настанот се случил во близина на ОУ Васил Главинов“,  во новиот дел на градот.     

„На 18-ти февруари, четврток, во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Кога З.П. бил донесен во полициската станица му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош која откако му пружила помош го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал“  - е соопштението од МВР. 

За ова  бил известен  јавен обвинител по чија наредба  телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина. Од велешката Итна помош потврдија дека од нив е побарана интервенција.

„Испратена е екипа, дадена е неопходна помош и лицето е префрлено на Нервно одделение од велешка Болница“ - кажа д-р Василка  Пановска, началник на Итната помош  и портпарол на Здравен дом Велес.

Од велешката Болница соопштија дека повеќе члена докторска екипа се обидела да го реанимира пациентот.  

„Донесен е пациент во тешка здравствена состојба, неконтактибилен. Повеќе лекари, меѓу нив, доктор од одделението,  анестетичар, доктор од Интерното одделение давале помош, но и покрај реанимацијата, настапила смрт“ - кажа др- Елеонора Јованова, портпарол од Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »