речник контакт

Велешанец уапсен со значајна сума пари, нудел пари на полицајците да го ослободат

Полицијата не соопштува за колкава сума е уапсен осомничениот, ниту дали биле девизи или денари

Петар Печков

Ноќеска по полноќ велешанец, откако бил уапсен пари, на полицајците им понудил пари да го ослободат. МВР со детали за настанот.  Од страна на  полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода И.Д.(24) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело “давање поткуп”, по член 385 ст.1 од Кривичниот законик.

„При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.”Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена  поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен“ - соопштија од МВР.

Лицето било  задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Полицијата не соопштува за колкава сума  е уапсен осомничениот, ниту дали биле девизи или денари.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »