речник контакт

Велешанец во притвор, кај него пронајден хероин

Лицето било уапсено при контрола на автомобилот на наплатна рампа Сопот

Петар Печков

Вечерта на Коледе, полицијата при контрола на автомобил и патниците во него, пронашла дрога. Еден од трите патници заврши во притвор. Kaj него биле пронајдени 15,27 гр хероин и 10,94 гр. мешавина за зголемување на тежината.

„На 05.01.2025 околу 22 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.И.(30 год), С.К.(26 год), двајцата од Велес и Б.С.(28 год) од Кавадарци. На  наплатна станица „Сопот“,, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин. С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Обвинител на ОЈО Велес отворил истрага за овој предмет и по негово барање  судија во претходна постапка му одредил мерка притвор. По  наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, С.К.  бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »