речник контакт

Велешанец во притвор, оти им се заканувал на соседите по живот

Против лицето е започната истрага за две кривични дела – Загрозување на сигурноста и Неизвршување судска одлука

Петар Печков

Велешанец е во притвор оти им се заканувал на соседите, по нивниот живот. Претходно тој го сторил истото, за потоа да му биде изречена мерка претпазливост, но тој ја прекршил па е испратен во Шутка.

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Загрозување на сигурноста и Неизвршување судска одлука.

„На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува“- соопштија од ОЈО Велес. .

Бидејќи постоела  опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложил на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судија во претходна постапка  го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определил мерка  притвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »