речник контакт

Велешанец дел од меѓународен канал на транспсорт на ,,екстази,,

Во домот на М.С.( 32 год) од Велес пронајдени 2.047 парчиња синтетичка дрога екстази, вредни 15 илјади долари

Петар Печков

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Оддел за недозволена трговија со дрога во координирана акција и соработка со СЕКИ/СЕЛЕК Центарот во Букурешт, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со синтетичка дрога екстази - амфетамин на релација Р.Бугарија –Р.Македонија – Р. Косово, кој бил организиран од страна на меѓународна криминална група, а синтетичката дрога била наменета за македонскиот и косовскиот нарко пазар.

Случајот е реализиран по претходно спроведена истрага под оперативно име „Техно“ и со примена на посебни истражни мерки, на подрачјето на Скопје и Велес. При претрес во возило со скопски регистерски ознаки и стан во Велес запленети се вкупно 10.355 парчиња синтетичка дрога екстази - амфетамин со втиснато лого М(моторола), околу 300 гр. марихуана, семки од марихуана, околу 50 грама амфетамин во прашкаста материја и истата е  најголема заплена на МВР на синтетичка дрога екстази - амфетамин. Вредноста на запленетата количина на синтетичка дрога на „нарко пазарот“ изнесува околу 80.000 евра, при улична продажба.

На 18.11.2011 година во 14.55 часот, од страна на полициски службеници  на автопатот Велес – Скопје кај клучка Катланово, запрено е ПМВ „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано М.С., поради основи на сомневање дека во возилото има сокриено синтетичка дрога амфетамин. По обезбедена наредба од Истражен судија, од Основен суд Скопје 1 Скопје, од  страна на полициски службеници од Одделот за НТ со дрога извршен е претрес во возилото, при што под совозачкото седиште е пронајдена една црна полиетиленска кеса во која имало 8 полиетиленски прозирни пакувања со вкупно 8.308 парчиња синтетичка дрога екстази - амфетамин светло жолта боја со втиснато лого „M“(моторола). Веднаш потоа М.С. е лишен од слобода и приведен во ПС Гази Баба во Скопје.

Имено, транспортот на синтетичката дрога е организиран по претходен договор помеѓу бугарски  државјани  и македонските државјани М.С. од Велес и М.С. од Скопје, при што од страна на бугарски државјанин на 18.11.2011 година на М.С. во Велес му биле предадени 10355 таблети синтетичка дрога екстази -  амфетамин, од кои 2047 задржал за себе, а останатите 8.308 му ги предал на  М.С. истиот ден во Велес.

При реализација на случајот, во Велес од слобода е лишен М.С., познат локален дилер на наркотични дроги,  по што е извршен претрес во неговиот дом каде се пронајдени: 2047 таблети синтетичка дрога екстази – амфетамин, светло жолта боја со лого „Моторола“ 18 таблети синтетичка дрога екстази – амфетамин во различна боја со различни лога, околу 300 гр. марихуана, 2 пластични пакувања од киндер јајце со семки од марихуана и околу 50 грама амфетамин во прашкаста форма бела боја.При претрерсот во домот на С.Р., татко на М.Р. инволвиран во случајот, пронајдено е огнено оружје револвер марка „Smit Weson„ со фабрички број 774510 за што од страна на СВР Скопје – ОНТДО ќе  биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Во текот на денешниот ден против инволвираниот бугарски државјанин(во отсуство), како и против М.С.(35) од Скопје, М.С.(32) од Велес и М.Р.(21) од Скопје, е  поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик .

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »