речник контакт

Велешанец доби осум месеци затвор за кражба на клима уред

Откако при кражбата бил откриен од сопствениците, крадецот на еден од нив со нож му се заканил да молчи оти ќе го прободе

Петар Печков

Во Основниот суд Велес  на обвинет му е изречена  казна затвор за  кривично дело  тешка кражба и  кривично дело Загрозување на сигурноста. За првото шест месеци за второто три, или во единствена казна затвор од осум месеци. Обвинетиот во моментот на судскиот процес, октомври 2025, бил на издржување казна во затвор Идризово.

Кражбата се случила на  07.11.2023 година околу 22:30 часот, кога обвинетиот совладувајќи препреки се обидел украден клима.   Кога дошол до куќата и со нож делувал на надворешната единица од клима уредот  марка Беко со моќност од 3,5 кw со вредност од 35.000 денари. Домаќините  слушнале тропање излегле надвор при што сопругот го видел  обвинетиот, кој со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело со  намера да го вознемири и заплаши ја загрозил сигурноста на истиот така што го ставил показалецот на устата а потоа и со ножот со кој делувал на  надворешната единица од клима уредот, насочен кон оштетениот гестикулирал  закана дека ќе го прободе доколку каже дека го видел односно му дал до знаење  да не кажува дека го видел.

Со  тоа кај оштетениот предизвикал чувство на  несигурност, загрозување и страв, а кога надворешната единица од клима  уредот паднала на земја, обвинетиот се дал во бегство. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »