речник контакт

Велешанец жив изгоре, палејќи ја нивата

Борче Манчев ( 74 год) го загуби животот во огнот во понеделникот попладне, кога ја запалил нивата за нова сеидба

Петар Печков

Велешанец жив изгоре откако сакал да ја опожари нивата која ја работел.

Борче Манчев ( 74 год) го загуби животот во огнот во понеделникот попладне, кога ја запалил нивата и на тој начин сакал да ја подготви на нова сеидба. Но бидејќи бил лице со посебни потреби,  не можел добро да се движи, огнот го зафатил и него по што не бил во состојба да го згасне пламенот до себе. Иако имало присутни кои се обиделе да го спасат Манчев, огнот му ја зафатил облеката по целото тело по што жив изгорел.

Кога дошла итната помош на Манчев му немало спас, поради  здобиените изгореници тој бил починат. Настанот се случил во близина на Порцеланка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »