речник контакт

Велешанец загина во сообраќајка

Звонко Јованов со автомобилот излетал од мостот после Кула, во правец кон Скопје и паднал во бездна

Петар Печков

Велешанецот Звонко Јованов (48) загина кога автомобилот што го возел паднал во бездна, во понеделникот вечерта на автопатот Велес- Скопје, соопшти МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот на третиот мост по наплатната рампа Отовица. Јованов, кој управувал автомобил „опел корса“, од засега непознати причини изгубил контрола врз возилото и удрил во банкина.

Од ударот банкината попуштила, а автомобилот паднал во бездна. Јованов починал на самото место на несреќата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »