речник контакт

Велешанец загина додека копал канал во скопско Инџиково

Градежникот работел на црно, не осигуран, чекаји да ги добие заостанатите плати.

Петар Печков

Зоран Јачев ( 39 год) трагично го загуби животот, во вторникот попладне кога бил затрупан од земја, информираа од МВР. Според полицијата настанот се случил околу  14 часот, кога Јачев бил во канал и работел на ископ на канализација, дел до земјата се срушила врз работникот и го затрупала. Неговите колеги се обиделе да му помогнат, започнале со откопување, но кога дошле до Зоран, кај него виделе сериозни повреди на главата, по што чекале да дојде доктор. Кога тој дошол ја констатирал смртта на Јачев.

Според неговите блиски, тој подолго време бил ангажиран во фирмата ,,Адонис,, каде работел без да биде осигурен.  Бидејќи немал добиено плата три месеци, одел по повик и потреба, со цел да си ги земе заостанатите плати, за потоа да продолжи со друга работа, не и со градежна. Истражен судија и обвинителството ќе ги истражуваат причините за смртта на Јачев, кој остави сопруга и две малолетни деца.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »