речник контакт

Велешанец заигра во словенечки игран филм

Душан Пауновски, аматер во глумата, играше во филмот``Шишка делукс,,

Петар Печков

Младиот велешанец ДушанПауновски, неодамна учествуваше во снимањето на словенечкиот филм ,,Шишка де лукс,,.  Тој беше ангажиран како епизодна улога, и тоа додека се снимаа сцените во  Македонија.  Душан кој има 18 години, бил избран на кастингот, а додека го минел филтерот три пати бил повикуван на разговор.   Во филмот го глуми актерот Петар Арсовски, додека бил на млади години. 
 
 Ја толкував улогата на Гоце. Се снимаше ова лето во јули во Скопје. Бев три пати на кастинг во ,,Кино око,, и после третиот пат ме повикаа на костимографска проба. Ова ми е прво учество на филм, иако сум настапувал во драмски аматерски претстави. Отсекогаш ми беше желба да се појавам на филм и успеав, се надевам дека тука нема да запрам и ќе имам и други ролји. Тоа беше големо искуство, да се снима високобуџетен филм – вели младиот Душан, кој е студент на   Филолошкиот факултет во Штип

 Во филмот станува збор за тројца пријатели кои работат некои матни бизниси но решаваат да отворат пицерија заедно. Филмот е комедија и цели кон публиакта од поранешна  Југославија.. Името на филмот „Шишка делукс„ е всушност името на пицеријата која е насловена по областа во Словенија – Шишка. Филмот „Шишка де лукс”,  е словенечко - македонско- чешка копродукција, по сценарио и режија на Јан Цвиткович. Македонската премиера на филмот се очекува да се случи во ноември 2015  догодина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »