речник контакт

Велешанец извршил разбојништво во Куманово,заврши во притвор

0сомничениот одзел паричник во кој имало парични средства во различни валути -100 долари, 150 евра и 4.000 денари, како и банкарски картички и други документи

Петар Печков

МВР информираше дека на 24 ноември  во 21часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(21 год) од Куманово и МД.(23 год ) од Велес. Тие се осомничени дека на 20 ноември  во 13.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале А.Р.(37) од Куманово и му одзеле паричник.

ОЈО Куманово со детали информации за настанот, по кој велешанецот М.Д. заврши во притвор.

Основното јавно обвинителство Куманово донело  Наредба за спроведување истражна постапка против М.Д.  23-годишник од Велес со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво.

„На 20 ноември, осомничениот со употреба на сила од друг одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Додека оштетениот се движел сам по улица во алкохолизирана состојба, осомничениот го забележал и го нападнал, удирајќи го со тупаници во главата и телото. Од ударите оштетениот паднал на земја, па осомничениот од џебот му го одзел паричникот во кој имало парични средства во различни валути -100 долари, 150 евра и 4.000 денари, како и банкарски картички и други документи“ - соопштија од ОЈО КУманово.

По настанот, М.Д.  избегал од местото на настанот. Бидејќи постоело основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »