речник контакт

Велешанец излетал од пат, завршил во Ургентен

М.Ц. изгубил контрола со автомобилот се превртел и летнал на кров во амбис

Петар Печков

Саботата утро, околу 7ч.   возач излетал со неговиот автомобил, а поради тежината на повредите е пренесен во Ургентен. Сообраќајката се случила на стариот пат Велес- Градско. 

На 22 април во  утринските часови на регионалниот пат Градско- Велес, поточно на 1,4 километар од надвозникот за село  Виничани кон Велес, се случила сообраќајна незгода. Во неа  М.Ц.(26) од Велес, управувајќи автомобил „Голф 3“, изгубил контрола над истиот, излетал на десната страна на коловозот и се превртел на кров во амбис - изјавија од МВР.

Во 07,35 часот, примен е пациент  на хируршко одделение. Извршени се снимања по што  му се констатирани тешки телесни повреди на глава, абдомен и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен  Центар Скопје –  изјави д-р Весна Маркова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Велес а истрагата ќе ги открие причините зошто автомобилот излетал  и завршил во амбис.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »