речник контакт

Велешанец измамил лице за 3,5 милиони денари

А.А. ( 40 год) претставувајќи се дека ќе му врши сметковдстени услуги, од сметките на И.С. на сопствената префрлил околу 60 илјади евра

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривична пријава, против лице, кое префрлало пари на неговата фирма од сметката на друго лице, наместо парите да ги префрли  за вистинската намена. 

„СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(40 год) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од февруари 2019 до февруари 2021 година, пријавениот го довел во заблуда И.С., прикажувајќи лажни факти дека преку негова фирма ќе врши сметководствени услуги на фирмата на И.С., потпишувал бланко налози за пренос на средства, но наместо да ги потполни за стварните намени, своерачно ги потполнувал и од сметките на фирмата на оштетениот во две банки, на сметките на неговата фирма пренел парични средства во вредност од 3.555.070 денари“- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »