речник контакт

Велешанец кај кого била пронајдена марихуана, се обидел да бега, па полицијата пукала во воздух

Настанот се случил во месноста Шорка

Петар Печков

Саботата кон неделата по полноќ, полицијата уапсила млад велешанец во месноста Шорка, кај кого била пронајден марихуана а тој се обидел да бега па полицаецот пукал во воздух. Деталите од информацијата на МВР.

„На 12 ноември  околу 00.15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29 год) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Околу 00.15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистарски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух“ - соопштија од МВР.

Во  Полициска Станица Велес извршен бил  службен разговор и со А.Н. (36 год) од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »