речник контакт

Велешанец кој ги вознемирувал соседите, бил уапсен а потоа завршил во психијатриска болница

При нападот врз соседите со остар предмет, им уништил и дел од покуќнината

Петар Печков

Велешанец кој им се заканувал на соседите и создавал проблеми во нивните животи, бил уапсен од полицијата  а по здравствените прегледи, завршил во  ЈЗУ Психијатриска болница Бардовци. Деталите од информацијата на СВР Велес.

На 25 јули во 10.25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Н.(57 год) од Велес, постапувајки по претходна пријава од неговите соседи Р.Ј.(88 год) и 23-годишната В.С. дека им се заканувал во нивните домови со остар предмет и оштетил дел од покуќнината“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Г.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »