речник контакт

Велешанец кој побеганал од затвор, уапсен и вратен на доиздржување на казната

Лицето О.Т. издржувал казна во кумановскиот затвор, за поседување на наркотични средства и за извршено разбојништво

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, 5 април, среда, во 11.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Т.(31 год) од Велес.

„О.Т. бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик. O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната“ - соопштија од МВР.

Лицето О.Т. издржувал казна  во кумановскиот затвор, за поседување на наркотични средства и за извршено разбојништво.  Бил спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »