речник контакт

Велешанец на езерото Младост фати златна риба

Редок примерок на златен караш, неодамна улови велешаенцот Жарко Миланов на езерото Младост.

Петар Печков

Редок примерок на златен караш, неодамна улови велешаенцот Жарко Миланов на езерото Младост. На големо негово изненадување кога трската „задрмала“ тој од водата извадил „златна рипка“ која ја уловил на царевка.

Подоцна со пријателите риболовци констатирале дека станува збор за риба од видот „златен караш“ кој ја има во езерото но во мал број примероци и според  раководството на ЗСР „Бабуна“ досега се фатени најмногу до пет вакви парчиња.

Бидејќи станувало збор за редок примерок на риба, која тежела околу 2 кг. истата не завршила во тава, туку во фонтана на пријател од Миланов, во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »