речник контакт

Велешанец на полноќ ограбен на автопат

Две лица го нападнале А.Б. и му го одзеле мобилниот

Петар Печков

Велешката полиција информира за разбојништво случено на автопатот Скопје - Велес, околу полноќ, кај параклисот кај Ветерско.

Ноќта помеѓу вторникот и средата, на 13.02.2019 година околу 00.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје -Велес, кај комплекс параклиси на „Св.Јован Ветерски“, две лица извршиле разбојништво над А.Б.(59) од Велес. Сторителите физички го нападнале, при што му одзеле мобилен телефон- пишува во соопштението.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »