речник контакт

Велешанец ограбил двајца мигранти од Авганистан, побегнал и се криел 12 дена

Разбојникот М.Д. ( 21 год) бил уапсен вчера по што му е одреден притвор од 30 дена

Петар Печков

Велешанец (М.Д. год) ограбил мигранти на 9-ти јуни, вторник, и се криел се до  21-ви јуни, недела, по што бил уапсен и испратен во Шутка во притвор.

Пријавениот додека се движел со патничко возило „хјундаи пони“ заедно со малолетник од Куманово, во близина на село Караслари ги забележале А.С.Н. и Ј.А. од Авганистан како се движеле по автопатот од Грција кон Србија. Им понудиле да ги транспортираат до границата со Србија за 200 евра и оштетените влегле во возилото, по што се упатиле кон стариот пат за Велес. Во еден момент пријавениот го сопрел возилото и побарал уште 200 евра за да стави гориво. Оштетените не се согласиле поради претходниот договор, а пријавениот и малолетникот физички ги нападнале и им се заканиле дека ќе извадат оружје. Потоа тие им дале 200 евра, а во тој момент од страна на оштетените бил одземен мобилен телефон кој бил сопственост на братот на пријавениот- информираше полицијата.  

ОЈО   Велес  соопшти дека спроведува  истражна постапка против жител на Велес поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво. 

Осомничениот на 9- ти јуни година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од село Караслари кон Велес при што забележале дека по патот пеш се движат две лица – мигранти. Тој го сопрел автомобилот и им понудил на мигрантите да ги превезе до границата со Србија каде што биле упатени. Кога со автомобилот стигнал до фабриката „Димко Митрев“ околу 19.30 часот, осомничениот побарал мигрантите, по потекло од Авганистан, да му дадат 200 евра. Откако тие не се согласиле, осомничениот им се заканил дека ќе извади оружје и ќе ги убие. Исплашен од упатените закани, еден од оштетените на осомничениот му дал 200 евра, по што осомничениот заедно со детето влегол во автомобилот за да замине. Во тој момент, еден од оштетените мигранти успеал да  го одземе мобилниот телефон на осомничениот  кој подоцна при пријавувањето на настанот го предал на овластените полициски службеници во СВР Велес и така бил откриен - пишува во информацијата на ОЈО Велес.

Со оглед на фактот дека од денот кога го извршил кривичното дело се до вчера,  21-ви јуни, осомничениот  М.Д. се криел, како и дека постои можност да се даде во бегство, да влијание врз сведоци  и да ја попречува истражната постапка, обвинителството до Судот поднело предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судија на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифатил предлогот на обвинителството, па донел Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »