речник контакт

Велешанец од Скопје донираше храна за градинките

Трогната од кражбата на прехранбените продукти, тој денес донирал одредено количество производи

Петар Печков

Велешанец, кој живее во Скопје а сакал да биде анонимен, дeнес донирал храна за детската градинка од Велeс а по вечерашниот грабеж од централниот магацин. Тој се јавил телефонски, најавил дека ќе дојде и на пладне бил во установата која згрижува деца. На вработените им ги предал пакетите со прехранбени продукти, кои тој ги најавил за децата.

„Лицето  ни кажа колку го трогнала веста дека е ограбена градинка. Денеска напладне дојде овој хуман граѓанин, испорача на нашата установа дел прехранбени артикли, за што сме му благодарни“ -вели Маја Велиновска, директорка на Детската градинка Димче Мирчев од Велес.

За потсетување викендот непознати сторители извршиле кражба на магацинот од централната кујна на „Димче Мирев“, лоциран во клон 6 именуван Ѕвончица.  Однесени  се по 100 кг брашно и зејтин, сите залихи на сирење, кашкавал,  сол, шеќер. Од санитариите биле украдени славини за вода.

Но децата  не ја почувствуваа кражбата , бидејќи градинка интервентно набавила продукти за подготвување на оброкот.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »