речник контакт

Велешанец организирал нелегално комар

Упрвителот на ТП Роџер во помошна просторија имал два нелегални апарти каде организрал комар

Петар Печков

СВР Велес до надлежното обвинителство поднесе Кривична пријава против Г.Т (41) од Велес , поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „Комар“.

Пријавениот делото го извршил  на тој начин што како управител во ТП “Роџер” во Велес во просториите на фирмата, неовластено организирал комар и други игри на среќа.

При извршена контрола на полициски службеници на ден 06.10.2012 година во помошната просторија која била одделена од главната просторија, биле пронајдени два покер апарати “Мулти Гејм” и “Мулти Гемпер”. Пријавениот истите нелегално ги поседувал, односно немал соодветна документација за сопственост.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »