речник контакт

Велешанец отиде во Сибир да суди одбојка на -45 степени

Амбарков делеше правда во Нови Уренгој

Петар Печков

Орданче Амбарков беше делител на правдата од натпревар во првото коло на  Челенџ Купот   на Европската Одбојкарска федерација. Тој беше судија на  реванш натпреварот   помеѓу Факел и Шахтјор од Украина,  одигран во салата Созвездие.

Тој се одигра во градот Нови Уренгој, во центарот на Сибир. Таму кога Амбарков престојувал температурата се симнала  до -45 степени Целзиусови.  За да стигне до Москва со авион  му требале дваипол часа додека патувањето до градот каде се играл натпреварот, во срцето на Сибир, блиску до Арктичкиот Леден или Северен океан  било 3,5 часа. 

Градов е стар 40 години и има 100.000 жители,  90% работат во ГАСПРОМ останатите во јавни институции (здравство, образование....). Летно време имаат два месеци годишен одмор. Доколку температурата е повисока(пониска ) од -50  на вработените им следува уште една дневница. Се разденува во 9,30 а се стемнува во 14,30 ова се случуваше во средината на Декември  – објаснува Орданче.

Бензинот во Нови Уренгој  е половина евро а гасот  5 денари. Во овој регион се наоѓаат најголемите наоѓалишта на природен гас 70% од потребите  за природен гас  на Европа доаѓаат од таму.  

Патем домашниот тим бил подобар вод вата натпревари па се пласира во следното коло од ова натпреварување. Ако за ова патување во Сибир  Амбарков му требале два дена, за следното кога бил делегиран да суди во Солун на Паок, му требаа три часа. Велешанецот Амбарков повеќе години е меѓународен одбојкарски судија

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »