речник контакт

Велешанец полово искористувал 14 годишно девојче

Велешанецот И.У. (29 год) живеел во вонбрачна заедница со четиринаесетгодишна девојче од Радовиш, ја принудувал на секс, иако биле во роднинска врска, за што заработи кривична пријава за ,,полов напад врз дете,, .

Петар Печков


Осомничениот во изминатите пет месеца одржувал љубовна врска со девојче кое нема навршено 14 години. Пријавениот го заведувал девојчето и тврдел дека ја сака и има намера да се ожени со нејзе.

Искористувајќи ја  нејзината незрелост и возраст, во неколку наврати ја убедил  и имале сексуален однос. При тоа барал да не кажува на никого, бидејќи нејзините родители ќе им ја попречеле љубовната врска. 

И.У. е во роднинска врска со семејството на девојчето и нивен познаник, па  родителите во ниеден момент не се посомневале во неговите намери. Пред десетина дена осомничениот и девојчето без знаење на нејзините родители дошле во Велес, со цел нивно заедничко живеење во вонбрачна заедница.

Од страна на родителите на девојчето случајот е пријавен во полиција. Пријавениот веќе има добиено условна затворска казна за кривичното дело „Вонбрачен живот со малолетно лице“ .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »