речник контакт

Велешанец поправајќи оџак, паднал и починал

Д.М. (69 год). паднал од висина од 4м а од здобиените повреди починал на лице место

Петар Печков

Велешанецот Д.М. ( 69 год) изведувајќи градежни работи, се здобил со тешко повреди при падот, по што починал на лице место. Настанот се случил утрово во 9ч. во Велес, на ул. Петре Милевски.

Д.М. работел на скеле , поправал оџак, кога паднал од висина од 4м.  и од здобиените повреди починал на местото на настанот –информираа од СВР Велес. 

По овластување од Основно јавно обвинителство - Велес увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »