речник контакт

Велешанец почина во сообраќајка близу Суботица

Во сообраќајката учествувале автомобил и комби

Петар Печков

Утрово околу 5,30 ч во близна  на градот Суботица Војводина, се случила сообраќајна несреќа, во која има починато едно лице. Според пишувањето на тамошните медиуми, станува збор за велешанец.

„Околу 5,30 ч. на автопатот  помеѓу наплатната рампа Суботица -југ и исклучувањето  Биково  во правец спрема Нови Сад, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило комби. Во несреќата смртно настрада едно лице,на лице место, кое било во патничкиот автомобил“ -   соопшти МУП на Србија.

Според пишувањето на тамошните  локални медиуми, во периодот, утрото,  кога се случила несреќата, било дождливо со лизгав пат.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »