речник контакт

Велешанец почина на автопат во Германија, додека управувал камион (фото)

Кај починатиот Аце Маневски (62 год) не биле констатирани повреди здобиени од сообраќајка, туку дека починал од здравствени проблеми додека го управувал возилото

Петар Печков

Велешанец починал додека управувал камион, по автопат во Германија.  Аце Маневски ( 62 год)  е почнат, во настанот кој се случил минатата среда, 2-ри декември,  во 9:38 ч. во близина на Шмидгаден во правец кон Чешка, на автопатот А6, објавија германските медиуми.

Како што покажале истрагите извршени од одделот за сообраќајна полиција  на градот Амберг, на лице место починал  62-годишниот македонски возач, кој  излетал од патот, во лево, со својот камион со  приколка  и удрил во заштитната ограда.

Првите  лица  кои пристигнале  се обиделе да го реанимираат 62-годишникот, но  не успеале во тоа. По наредба на јавното обвинителство, повикано е вешто лице за да ги разјасни причините за несреќата.  

Кај починатиот возач не биле констатирани повреди, кои може да се опишат дека се од сообраќајна несреќа, туку дека станува збор за здравствени проблеми кои ги имал возачот а му се случиле додека го управувал камионот, пишуваат германските медиуми.   Според првичните проценки на полицијата, материјалната штета изнесува околу 120.000 евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »