речник контакт

Велешанец почина од повреди здобиени во сообраќајка, кај Градско

Ѓ.М.(70 год) починал во болницата „Мајка Тереза„ во Скопје, возачот поминал со полесни повреди и инсистирал да биде пуштен од Болница на домашно лекување

Петар Печков

Вчера попладне во близина на наплатна рампа Градско се случила сообраќајна незгода, во која сопатникот  починал подоцна  од здобиените повреди. МВР со повеќе информации за настанот.

На 20-ти јуни околу 18,20 часот пред наплатната „Градско“ на автопатот Градско- Велес патничко моторно возило„Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки управувано од С.И. (70 год) од Велес изгубило контрола излетало од коловозот и се превртело. Сопатникот во возилото Ѓ.М.(70 год)  се здобил со тешки повреди - информираа од МВР. 

На местото на излетувањето на автомобилот, први дошле екипи на Итната помош.

Интервенирано е со две возила. Со првото е пренесен сопатникот, дадена му е прва помош, лицето  имало политрауми и е предадено на  хируршка амбуланта од велешка Болница. Второто лице не се согласувало да биде пренесено во Болница, но сепак му е дадена помош и е транспортирано  - информираше д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес.

Во велешката Болница донесени се две повредени лица, возач и сопатник.  Сопатникот со повеќе тешки телесни повреди и во тешка состојба е префрлен во болница „Мајка Тереза“. Кај возачот се констатирани повреди на глава и граден кош, но инсистирал да замине од болница и е пуштен на домашно лекување - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

Од МВР информираа дека Ѓ.М.  од здобиените повреди починал  на клиника „Мајка Тереза“.  

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за излетувањето на автомобилот, при што едно лице смртно настрада.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »