речник контакт

Велешанец починал превртувајќи се од трактор

Се превртел додека возел по дол во шума, кај Рудник

Петар Печков

Станимир Спасиќ ( 56 год) од  Башино село починал превртувајќи се од трактор.

Според СВР Велес несреќата се случила вчера, вторник, околу пладне во 12 ч. кога Спасиќ  во шума во близина на селото Рудник, со неговиот трактор марка ,,Фергустон,,  се превртел спуштајќи се по дол. 

Несреќата ја видел соселанец, кој веднаш повикал Брза помош. Додека повредениот бил транспортиран до велешката Болница, тој им подлегнал на повредите по пат.

Увид извршил јавен обвинител и екипа на СВР Велес, по што ќе се знаат причинети за смртта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »